Туристичките агенции со богата понуда за Велигден – Рим, Париз и Истамбул најбарани дестинации

Попушти ковид пандемијата, а со тоа се олабавија и мерките за патување. Граѓаните, тие, што може да си дозволат, заминаа надвор од земјава. Дел преку агенциски аранжмани во традиционално најпривлечните – Истанбул, Рим, Париз, или во соседна Србија, другите во сопствена режија, отпатуваа за Грција.

Рим, Париз и Истанбул најбарани дестинации за времене на Велгденските празници. Туристичките агенции понудија голем број аранжмани покрај за соседните земји, и за подалечни дестинации. Цените варираат во зависност дали се патува со авион или со автобус. Граѓаните кои веќе отпатуваа за Истанбул со авион, за три ноќевања треба да одвојат 299 евра. За Рим авионското патување е малку поскапо, и тоа од 429 евра па на горе, во зависнот од хотелското сместување. Најскап е Париз со цена од 479 евра на горе.

  • Интересот секако е доста зголемен, во споредба со минатите години. Авионските патувања се нешто поскапи, но не и перскапи. Ќе кажам еве на пример, за Истанбул со авион, за три ноќевања треба турата чини 299 евра. За Рим авионското патување е малку поскапо, и тоа од 429 евра па на горе, во зависнот од хотелското сместување. За во Париз цената изнесува од 479 евра на горе, вели за Алфа, Ана Богоевска од Туристичката агенција „Савана“.

Најевтино, за неколку дена, ќе поминат оние граѓани кои заминаа во соседна Србија. За таму аранжманите се движат од 109 до 119 евра за три ноќевања и појадок, а превозот е автобуски. Белград и Нови Сад и натаму се најбарани дестинации за прошетка, но често се бараат и аранжмани за популарните бањи во Бугарија.

  • На пример турата за во Атина во претпродажба ја продаваме за 109 евра, додека во редовна продажба е 119 евра. Но имаме и индивидувални патувања, еве конкретно имаме тури и за популарните бањи во Бугарија, додава меѓу другото за Алфа, Ана Богоевска од Туристичката агенција „Савана“.

Туристичките работници имаат полни раце работа и за претстојните првомајски празници, но и државниот 24-ти мај, односно Свети „Кирил и Методиј“. Најбарани дестинации се Истанбул и Анталија, секако со авионски превоз.

За оние со подлабок џеп агенциите нудат аранжмани на подалечни дестинации, како , Тоскана, Мадрид, како и за Кападокија и Дубаи.

Како резултат на продолжениот викенд поради прославата на велигденските празници, зголемен беше сообраќајниот метеж од возила и автобуси на Г.П. „Богородица” кон Грција. Само на почеток од викендов, во двете насоки, границата ја поминале околу 7.500 туристи.

Борис Грујоски

Advertisements

Поврзани вести