Туристичката агенција на братот на Груби продава билети за утрешниот натпревар по баснословни суми

Туристичката агенција ЕТЦ Травел, во сопственост на Фетон Груби, брат на премиерот во сенка, Артан Груби, ќе заработи од спортската еуфорија.

При вакви натпревари УЕФА доделува 5% од капацитетот на стадионот, во случајов 2.500 билети, на Фудбалската федерација на земјата – гостин, ФФМ организираше само еден чартер лет за репрезентативците, новинарите и луѓе на Федерацијата.

Остантите билети беа понудени на продажба на интернет почнувајќи со цени од 820 денари, а преку туристичката агенција на Фетон Груби кој за целиот аранжман со авиоснки превоз, трансфер до и од стадионот, а без ноќевање наплаќа по 500 евра.

Од федерација предводена од Муамед Сејдини, за кој се шпекулира дека е во блиски роднински врски со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, не ни одговорија како ЕТЦ Травел располага со влезниците за натпреварот во Порто.
Сопственикот на туристичката агенција, Фетон Груби, во телефонски разговор за Алфа, ни се пожали дека биле многу зафатени со работа и дека во моментов не можат да ни одговорат зошто и како тие се нафатиле да ги организираат овие аранжмани.

Агенцијата која се наоѓа во строгиот центар на Скопје, најчесто се занимава со туристички аранжмани за летување во Турција, но овој пат, веројатно во бизнис со спортски туризам ги поврзува старо-новиот претседтел на ФФМ Муамед Сејдини, за чиј ре-избор реакција имаше од Агеницијата за млади и спорт од кои истакнаа дека нема да ги признаат резултатите.

Сeјдини e избран со нов мандат на чело на ФФМ како предлог на Општинскиот фудбалски сојуз Кичево, а го подржаа уште 20 сојузи од вкупно 26 колку што се членки на Собранието на ФФМ.
На Собранието свои делегати, поради несогласување со досегашното раководство на ФФМ, немало од општинските фудбалски сојузи од Струмица, Кочани и Тетово.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста