Турција пред враќање во Формула 1 календарот

Турција би можела да се врати во Формула 1 календарот уште оваа година. Преговорите меѓу турската влада и челиците на ФИА се веќе започнати, а доаѓаат како резултат на ковид кризата која го осиромаши годинешниот календар во “октанскиот циркус“. Сезоната стартуваше со задоцнување од четири месеци, а беа одложени дури 11 трки од редовната предвидена програма. Сега во потрага по надополнување на календарот за сезоната која овој пат ќе трае до декември се преговара со неколку можни дестинации меѓу кои и Турција, поточно патеката во Истанбул. “Истанбул парк“ е една од најпопулатните модерни писти на светот, а болидите од Формула 1 последен пат на неа возеа во 2011 година.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста