Турција донира 50 илјади маски, илјада скафандери и илјада тестови за Македонија

Владата на вчерашната 37. седница го разгледа и усвои записникот од дваесет и првиот состанок на главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување внесување и ширење на коронавирусот ковид-19, одржан на 7 април 2020 година.
Во согласност со информацијата на овој состанок, Владата на својата седница го утврди текстот на договорот со Република Турција за донација на медицинска опрема и средства наменети за здравствениот сектор, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и 1.000 дијагностички теста.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста