Тупанчески призна: Не ја платил ни ВИП картата ни патувањето

Министерот за правда, Никола Тупанчевски, признава дека ВИП картата и патот за натпреварот во Порто му бил платен од ФФМ, додека пак аранжманот за сместување го платил 4 дена по одржувањето на натпреварот. За А1 ОН тој вели дека инсистирал да си го плати патувањето, но, сепак се нашол во чартерот заедно со делегацијата на новинари и лекари.

„Начинот на слекеција на луѓето кои што патуваат треба да биде направен од страна на луѓето кои го организираат патувањето. Јас сум само еден од големата делегација на новинари, лекарски екипити, гости, кои патуваат и јас сум само составен дел.“ – Истакна Тупанчевски за А1 ОН. И додаде: „Картата која јас ја имав добиено и гласи на мое име е 00 евра. Дали ме разбирате? Практично и да сакате, има и за тоа доказ, дека практично картата е без цена“

Претходно министерот го тврдеше сосема спротивното. Дека самиот си ги платил трошоците за пат, како и тоа дека бил многу шокиран и изненаден за прозивката од комисијата за спречување корупција.

„Јас не патував службено не патував во рамките на своите службени должности и втората компонента кој ги плати трошоците? Ги платив јас од моја трансакциска сметка. На агенцијата која што го организира патувањето, од моја трансакциска сметка легнаа парите“

Зошто тогаш зборуваше едно, а денеска признава друго? Како и да е министерот не мисли дека го прекршил етичкот кодекс. Вели дека платил аранжман на агенцијата „Гуливер“, исто како и обвинителката Фатиме Фетаи, но, не ја покажува фактурата, ниту доказ за исплата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста