Цените на пазарите и годинава зголемени, граѓаните велат новата година ќе ја поминат скромно

Цените на производите на зелените пазари и маркетите во пресрет на новогодишните и божиќните празници, зголемени, се жалат потрошувачите. Дел од граѓаните велат дека поради беспарицата, празникот ќе го пречекаат со поскромна трпеза, бидејќи пазарџиите и продавниците ги набилдале цените.
Купувачите велат скапо е, а продавачите дека ако е поевтино тие ќе немаат добивка. Традиционално пред празник, цените на производите на пазар двојно се зголемуваат. Продавачите, пак, пред преполните тезги, ги довикуваат луѓето, да им направат некој денар промет. Велат дека секоја година е се послабо и послабо, луѓето немаат куповна моќ и пазаруваат само колку да го одбележат празникот.
Купувачите велат дека им е многу скапо, и воопшто цените и кога не се зголемени пред празници се високи и не се во склоп со стандардот на живеење.
Спротивно на жалбите на купувачите, производителите на месо велат иако работат на граница на рентабилноста и со сегашната откупна цена од 80 килограми жива мера одвај ги покриваат трошоците одгледувачите на свињи велат дека нивното месо нема да се продава поскапо.
Со желби за подобар живот, граѓаните посакуваат новата 2019та година да донесе подобро утре.