Трската во Струга-жртва на урбаната мафија?

Палењето на трската во Струга, проблем кој се провлекува повеќе од една деценија говори за целосен неуспех на мноштво чинители кои само декларативно се залагаат за зачувување на трската.Последниот инцидет во кој изгореа околу 6.000 метри квадрати трска на потегот од Стуга кон Калишта е уште еден доказ дека во ова гнило општество во кое владее беззаконие се’  се врти околу парите и политичката моќ-велат граѓанските активисти од Струга. Постојано во оваа заштитена зона на природна реткост се пали трската и се тампонира езерскиот појас. Кога институциите ќе потфрлат-крајбрежето на Охридско езеро се претвора  во градежно приватно земјиште. 

Овој проблем јас лично како граѓанин го лоцирам во самата неаужурност на институциите и ми дава за право да се соменавам во некаква оркестрирана спрега помеѓу државата, општината и овие локални моќници кои што цело време ни се сервираат како непознати сторители.Вака шерифски, каубоски,дојди узурпирај плажа бетонирај,узурпирај го езерото, не е решение-рече Коста Хиохи-граѓански активист.

Целиот брег во Струга се урбанизира,за таа цел и се пали трската. Таа вдолж струшко крајбрежје е преплосана, а онаму каде што веќе е уништена крајбрежејето се насипува со камен и се тампонира со багери и тешка механизација, а тоа поминува незабележено од надлежните инстутуции.Никој велат граѓанските активисти, нема ништо против урбанизирање на градот,но мора да има ред.

Меѓутоа треба да се знае кој и каде гради, дека секој оној кој што ќе се дрзне да одземе парче земја која не му припаѓа и да ја узурпира на еден ваков вандалски начин, апсолутно дека треба да сноси одговорност.Проблемот е што системот кај нас ниту на локално ниво ниту на централно ниво не покажува интерес  ниту пак има капацитет да се справи со сево ова-рече Никола Кукунеш-граѓански активист.

Некој мора да понесе одговорност за ваквото дивеењено но ако во државава нема кој да ги спроведува законите ,стружани ќе ја земат правдата во свои раце.Ќе им покажеме велат како се штити крајбрежјето оти од ова нема повалкана награда и пониска благодарност за трудот кој го вложуваат сите совесни граѓани.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста