Трошоците за живот експлодираат, власта засега само ја следи состојбата

Цените растат, граѓаните и стопанството се жалат, но власта е смирена. Народната банка потврди дека инфлацијата сскокна на 2,2%. А денеска и статистика официјално соопшти дека трошоците за живот во септември  пораснале за 3,7%  а цените на мало дури за 5,6% во споредба со истиот период лани. Овој серизоен аларм засега не ја потресува Владата која вели дека ја следи состојбата, но засега не конкретизира дали и каква стратегија ќе употреби за шокот да се амортизира.

Министерот за економија Крешник Бектеши не смета дека со мерките се доцнело, но ако треба не исклучува вонредна мерка за замрзнување на цените. Има механизми, посебно ако се повикаме на Законот за трговија, каде што за основните производи може да донесеме одлуки за замрзнување одредени цени, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

  • Се засилуваат барањата за државна интервенција кај цените на одредени производи за да се спаси животниот стандард и да се задржи потрошувачката. Коментирајќи го предупредувањето на преработувачите дека храната драстично ќе поскапи, министерот за економија Крешник Бектеши рече дека будно ја следат ситуацијата во делот на глобалниот синџир на снабдување, посебно со прехранбените производи и, ако е потребно, ќе се искористат механизмите за да нема ценовни шокови, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

Бизнис заедницата е мобилизирана и веќе испрати сериозен алармн дека состојбите се многу критични. Вчера попладне ималуе и средба со вицепремиерот Фатмир Битиќи, но конкретно не договориле ништо.

Премиерот Зоран Заев денеска смирува дека инфлацијата не била толку страшна и се движела во рамките на предвиденото. Со државните резерви секогаш сме подготвени да интервенираме доколку забележиме некој циклус да покажува пикови, со што би имало рефлексија врз севкупната економија и врз цените на одредени базични производи, рече Заев.

  • Финансиски сме стабилни и секогаш сме подготвени, согласно праксата дома, но и праксата во европските земји со нашиот заеднички пазар со Европската Унија, навремено да дејствуваме, рече Заев.

Договорот или ветувањето е дека доколку има потреба ќе се интервенира. Но потребата е повеќе од очигледна, ако се направи само една обиколка на поголемите маркети каде безмалку се што се продава е осетно поскапено. За разлика од цените, стандардот на граѓаните тапка во место и не држи заковани на дното во Европа.  

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста