Тројца лидери по третото коло во ПМФЛ

Викендов се одигра третиот круг натпревари во Првата македонската фудбалска лига, по кои дури три екипи се изедначија на лидерската позиција. Една од нив, впрочем како предводник на табелата застана Силекс по вчерашниот најубедлив триумф во историјата над Вардар со 4-0. Реми без голови во Битола одиграа Пелистер и Работнички, а во Струга домаќинот минимално го совлада Борец. Претходно, Шкендија минимално ја доби Македонија во Ѓорче Петров, Шкупи со 2-0 ја совлада Беласица, а со идентичен резултат Ренова ја изненади Академија Пандев. По три одиграни кола, Силекс, Шкупи и Шкендија имаат по седум бода, а како единствени без освоен бод остануваат Пандевци и Беласица.   

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста