Тројца ковид-позитивни затвореници од битолскиот Затвор, по добиените закани, започнаа штрајк, а се закнуваат и со самоубиства

     Ескалира состојбата во битолскиот затвор „Црн Мост“. Тројца ковид-позитивни затвореници меѓу кои и нашиот соговорник, кој ексклузивно за Алфа, уште пред два дена, прв јавно проговори за ковид-кластерот во Установата и за условите во кои се третираат заразените осуденици, од вчера штрајкуваат со глад. Револтот е и заради заканите што нашиот извор ги добил, како што рече, од луѓе од Управата на Затворот, затоа што побарал помош од медиумите.  

   „Вчера се видов со директорот, a и со началничката се видов. Од страна на началничката добив закани со смрт – да умрам, ќе лежиш овде, ќе умреш…Второ јас штрајкувам со плус двајца други..се одбиваме и леб, и медицина и се’….Марјан да не го лаже народот, јас сум вакциниран со две вакцини пред три месеци, не е вистина дека сме ги одбивале вакцините…Второ, барам Мицкоски и Ахмети да се изјаснат за овој проблем под итно, оти ќе правам самоубиство со уште двајца други луѓе до утре“, – вели нашиот соговорник.

   Освен ова, тој се пожали и на дополнително влошеното психичко здравје откако ја добил Короната, бидејќи како што вели, тој имал и други претходни здравствени проблеми, а за кои Управата била информирана. Од тие причини тој бара да биде пуштен за да се лекува приватно.

  „Јас боледувам и од психички проблеми, директорот ги знеа многу убаво. Вчера влегов кај нашата докторка во Установата и ме избрка, ми рече – оди в соба, умри. Значи, не ме прими ни докторот од Установата. Има снимки, има камери Затворот, можете слободно да ги земете снимките за да видите кој лаже“, – дециден е нашиот извор.

   Наспроти овие обвинувања, директорот на битолскиот Затвор пак, Драган Кајевски, тврди дека осудениците, вклучително и овие кои се во штрајк, и понатаму ги имаат сите услови, согласно здравствените упатства кои Затворот  ги добивал од ЦЈЗ. Тој демнатира дека началничката се однесувала некоректно кон осуденикот, а уште помалку дека му се заканувала и додава дека постоело оправдано сомнение дека овој човек ги манипулирал со единствена цел да излезе надвор пред истекот на пропишаната затворска казна.

   Инаку, за условите и третманот во затворите, пред два дена, со фб-статус реагираше и познатиот адвокат Сашо Дукоски, кој ги повика и невладините организации да се заинтересираат што навистина се случува во овие казнено-поправни установи.

 Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста