Тројца сметководители а само еден ветеринар се вработуваат предизборно во „Лајка“!?

Пандемиjата  била пречка за реконструција на стационарот Лајка, но не е пречка за вработувања тројца сметководители и само еден ветеринар, како што дознава Алфа. Според нашите извори на последниот состанок на Управниот одбор била ставена оваа бројка за потенцијални вработувања, но зошто токму сега и зошто само еден ветеринар кога станува збор за грижа на животни? Директорката на „Лајка“ Тина Петрушевска не одговори на повиците и пораките од Алфа. Но добивме одговор од Град Скопје. Признаваат дека биле ставени на маса вработувањата, а ветеринари дополнително ќе се приклучувале на тимот.

Со цел почеток на функционирање на новото јавно претпријатие, потребно е ангажирање на кадри од сите профили, од техничко административен до оперативен персонал. Во момент на започнувањето на функционирање на новото јавното претпријатие, техничко-администативниот персонал е потребен за спроведување на јавни набавки и друг вид на административни задачи, а потоа ќе бидат ангажиран и персонал до оперативни задачи.“- стои во соопштението од Град Скопје.

Сепак останува дилемата зошто се брза со вработувањата, кога стационарот се уште не е целосно функционален.

Скопјани уште од мај минатата година во исчекување за отварање на стационарот „Лајка“, но тој сеуште се реконструира и надоградува. Кога конечно ќе се отвори стационарот „Лајка“?

Сликата е загхрижувачка. Бездомни кучиња оставени пред вратите на стационарот, претураат во сметот, во таканаречената од градските власти, привремена депонија Вардариште. Жителите од околината се жалат дека им влегуваат и по домовите.

Од Град Скопје денеска по којзнае кој пат најавија дека Лајка наскоро ќе почне со работа, а работите финиширале. Но слично, уште лани ова време зборуваше и градоначалникот Петре Шилегов, кој како краен термнин го наведе агуст 2019. Сепак и на средина од 2020, нема прецизнен датум кога конечно стационарот ќе биде отворен.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста