Трогателна ковид-сторија од Охрид: Мајка позитивна на корона, очајно барала да си го погреба синот починат од вирусот

“ Синко, имаш ли ти дечиња? Ако имаш,тогаш знаеш како крвари душата на една мајка која го изгубила најсветото нешто-својот син.Те молам,помогни ми, однеси ме да го испратам до неговото вечно почивалиште, дозволи ми синко да го поздравам за последен пат”- Зборовите како камења од душа паѓаат, а солзите ништо ни го сопора додека првиот човек на болницата, ни раскажуваше за ова тешка и болна судбина една мајка која заедно со синот се лекувала од коронавирус во охридската општа болница.Додека таа успешно се опоравувала, нејзиниот син починал. Свесен сум вели доктор Балев за строгите протоколи и одговорноста која ја носам, но и помогнав на мајката да стане од кревет, ја облеков во скафандер и ја однесов за да се збогува со синот за потоа повторно да ја вратам во болница-раскажува доктор Балев.Тој кажа дека се поголеме  бројот на млади пациенти кои со  тешка слиничка слика се хоспитализираат во болницата.Во моментов ги има 95, од нив 40 се на кислородна поддршка, најмладиот кој што го примиле денес има само 31 година.Охридската општа болница која функционира како ковид центар,а е и иденствен регионален центар за неуропсохијстрија, е преоптоварен со пациети.

  • Во еден период општа болница Охрид имаше некогаш повеќе пациенти и од “8–ми Септември”.Точно е дека е редуциран програмот само за итни скучаи, но работат гинеколигија, ушно, урологија, хурргија на тој начи со ротации на докторите и со персонал покушаваме да се справиме со оваа пандемија.Имаме и персонал кој што е позитивен,околу 30-тина кои се позитивни некои во изолација и нормално дека имаме и тек ќе имаме.Низ оваа болница до сега поминаа огромен број на позитивни пациенти-вели д-р ГОРАН БАЛЕВ дир.на општа болница Охрид.

Лоша е сликата и во најмалата општина во земјава, Вевчаани,таму до сега се заразиле 160 лица, од кои 86 само овој месец.Завивајќи ги во црно своите семејства,битката со болеста ја загубиле 6 лица од кои двајца биле сопружници, а другите двајца мајка и син.

  • Тие што имаат потррба од кислородна поддршка,ние набавивме, ни беа донирани боци со кислород но тоа се за поддршка која што е временски ограничена.Тие што имаат потреба за кислородна поддршка ги препраќаме во ковид центрите во Струга и во Охрид-вели Јован Стојкоски-дир.на Здравствен дом-Вевчани.

Во општата болница во Струга во моментов се хоспитализирани 40 пациетиод нив 22 се на кислородна поддршка,а меѓу заболените има и доктори. Иохридската Специјална болница “Свети Стефан”каде се лекуваат пациети со кардиоваскиларни заболувања,веќе  почна да прима пациенти со коронавирус.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста