Трката за добивање на вакцината за сезонски грип се сведе на играта „брзи прсти“

„Игра на брзи прсти“ – вака матичните лекари ја објаснуваат процедурата за закажување на термини за вакцина против сезонски грип. Начинот на кој се спроведува вакцинирањето годинава е хаотичен алармираат матичните лекари и обвинуваат дека ниту еден здравствен работник не успеал да се вакцинира. „Неделно се пуштаат по 350 термини за милионски град како Скопје“, вели доктор Ненад Лазаров.

Кој во моментот од колегите ќе биде пред компјутер ќе закаже, бидејќи за милионски град 350 вакцини неделно е смешно. Една вакцина кога ќе се аплицира не делува веднаш, нам ни е потребен месец два во која ќе геренира имунитетот имунолошка реакција и за мене е безпредметно ако треба некој пред Нова Година вакцина за грип да прима. Од тука сум многу загрижен како би одело понатамошното вакцинирање ако се задржи овој начин хаотичен на вакцинирање, кога ќе дојде ковид вакцината нас ќе ни требаат пет години шеесет отсто од популацијата да вакцинираме“, вели доктор Лазаров.

И опозиција алармира на неорганизираност во процесот на вакцинирање. Велат срамно е да се пуштаат 400 термини за град во кој има над 600 матични лекари. Апелираат вакцините против сезонски грип наместо во вакциналните пунктови да се поделат кај матичните лекари за да стигнат до сите пациенти. Но, и отвораат друга дилема – дали вакцините кои ги набавува Министерството се соодветни за деца постари од 6 месеци?

„Знаејќи дека постои само една компанија која ги исполнува овие услови, дали можеби постои индиција за нешто што не е дозволиво? Да се види во изминативе години колку деца од шест месеци до една година се вакцинираат, па во тој тендер да се наведе дека потребни се 500, 600 вакцини кои што ќе бидат за деца од конкретната возраст. Ако тоа така се направи ќе им се даде простор и на останатите веледрогерии, па и цената нема да биде иста, бидејќи еве има разлика во цената од лани до оваа година“, вели доктор Марија Андоновска од ВМРО ДПМНЕ.

Во Центарот за јавно здравје се уште не стигнала втората доза од вакцините против сезонски грип. Првите 2000 вакцини за кои пациентите приватно плаќаа по 800 денари беа потрошени за само 4 часа од стартот на вакцинацијата.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста