Триумф на ВМРО-ДПМНЕ со освоени 42 општини, катастрофален пораз на СДСМ, остануваат на власт со само 16

Апсолутна победа на локалните избори за ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Обнова за Македонија. Најголемата опозициска партија во двата круга освои вкупно 42 градоначалнички места и Градот Скопје каде победи независната кандидатка Данела Арсовска поддржана од ВМРО ДПМНЕ. Вториот круг ВМРО ДПМНЕ ја потврди победата во 20 општини.

ВМРО ДПМНЕ ОСВОЕНИ ГРАДОНАЛАЧНИЦИ ВО ВТОР КРУГ:
Битола 50,73 % Македонска Каменица 51%
Брвеница 49,11% Конче 49,88%
Басилево 49,22% Кочани 48,29%
Вевчани 50,41% Кратово 59,92%
Гевгелија 56,88% Лозово 49,94%
Демир Хисар 49,70% Македонски Брод 48,97%
Зелениково 51,54% Ново Село 51,05%
Охрид 54,60% Пехчево 51,23%
Радовиш 58,70% Ранковце 51,54%
Ресен 50,07% Чешиново – Облешево 52,93%

Наспроти ова, партијата на власт СДСМ со „Најдоброто за мојата општина“ во вториот изборен круг доби едвај седум градоначалнички места, или вкупно 16 од двата изборни круга. СДСМ во вчерашното гласање ја освои лолакната власт во:

СДСМ ОСВОЕНИ ГРАДОНАЛАЧНИЦИ ВО ВТОР КРУГ:
Демир Капија 49,83% Центар 51,88%
Пробиштип 49,57% Чашка 56,07%
Росоман 53,65% Чучер Сандево 50,73%
Старо Нагоричане 55,58%

ДУИ во вториот круг ја освои локлната власт во седум општини: Арачиново, Боговиње, Долнени, Кичево, Струга, Теарце, Чаир. Интегративците сега имаат градоначалници во 10 општини вклучително и Липково, Пласница и Сарај каде победија уште во првиот круг.

Алијанса/Алтернатива победија во Врапчиште, Гостивар и Дебар, ДПА во Студеничани, партијата ГРОМ на Стевчо Јакимовски се враќа во скопската општина Карпош, а ЛДП и ДОМ ја добиваат Шуто Оризари со старо новиот градоначалник Курто Дудуш. Билал Касами и партијата БЕСА освоија две општини Желино и Тетово. Во Општина Дебарца победи независниот кандидат Зоран Ногачески, а во Куманово Максим Димитриевски.

Поради слаба излезност во првиот круг, локалните избори ќе треба да се повторат во две Општини, Маврово Ростуше и Центар Жупа.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста