Триумф на Довициозо на трката за ГН на Австрија

Хаотична и на моменти многу опасна трка денеска на патеката “Ред бул ринг“. По сите настани на крајот профитираше Андре Довициозо кој го забележа својот 15-ти триумф во кариерата. Покрај него на подиумот се најдоа уште и Жоан Мир и Џек Милер.

Голема трагедија беше избегната во осмиот круг кога Жоан Зарко возејќи со голем брзина удри во Франко Морбидели по што двајцата излетаа од патеката, а од нивните мотори се разлетаа парчиња.  Од инцидентот за малку се спасија Валентино Роси и Маверик Вињалес.

Лидер во генералниот пласман и натаму е Фабио Квартараро кој денеска заврши осми, зад него е Довициозо, а трет Вињалес.

Мото ГП шампионатот ќе с евози и следниот викенд исто така на „Ред Бул ринг“ каде ќе биде одржана  Големата награда на Штаерска .

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста