Трипуновски: Земјоделците од Овчеполието за прв пат после долги години ќе добијат навремено вода за наводнување

Трипуновски: Земјоделците од Овчеполието за прв пат после долги години ќе добијат навремено вода за наводнување

Заврши голготата на земјоделците од Овчеполието чии ниви  и ова лето буквално гореа за вода. Каналите за наводнување од системот „Брегалница„  се полнат, а на некој места нивите за прв пат ќе бидат навадени навреме. Родот е спасен во последен момент.

    „Јас имам пипер и домати, ако не ги вадам се ќе се исуши. Порано садевме лубеници и дињи, ама оти нема вода веќе не садиме. Немаше со што да наводнуваме. Дури завчера пуштија вода во системот. Народот ќе се испотепа за вода„ вели Верка Дончева од село Милино.

  Сувите канали од ситемот за наводнување е проблем кој се провлекува со години. За земјоделците  си ги спасат посевите со бостан, деталина и пченка, беа приморани наместо да работат, да протестираа на патиштата. Лошото искуство од лани е причина за добар дел од нив годинава предвреме да се откажат од земјата.

   „Предвреме се откажавме, годинава ниту цефки влечев, ниту ништо. Вода нема. Останаа уште малце, голем дел од земјоделците од моето село се откажаа„изјави Бранко Вучевски, земјоделец од Сарамзалино.

  „Каналот целосно е распаднат од Истибање до Каратманово. И да ја пуштат водата таа бега под земјата„ изјави Илчо Иванов, земјоделец од Сарамзалино.

  Дека состојбата со системот за наводнување е кататрофална, потврди и министерот за земјоделство,  кој вчера попладне беше на терен за да види каков е протокот на вода во каналите.

   „Она што сакам да го потенцирам од претходните години, водата стигнувала на крајот од сезоната кога воопшто не е потребно да се наводнува. Сега имаме, посебно во период кога е потребно за лозовите насади „ изјави вчера министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.

  „Каналите не се исчистени и е еден од основните проблеми со кој се соочуваме е тешкото пристигнување на вода до определени позиции„изјави Бошко Светковски, градоначалник на Лозово.

Минатото лето поради сувите канали земјоделците од Овчеполието неколку пати го блокираа експресниот пат Штип-Велес, а оваа сезона на предупредувачки протест  излегоа  пред две недели.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста