Трипуновски: Не смее да се дозволи извозот на брашно

Во ек на коронавирус, кога сите држави воведуваат рестриктивни мерки за извоз со цел обезбедување доволно храна и други намирници кои се потребни за непреченото функционирање на животот на граѓаните, без тие да ги трпат негативните ефекти како недостаток на намирници и покачени цени, нашата влада сака да ја укине забраната за извоз на брашно – пишува Цветан Трипуновски на својот фејзбук профил. Трипуновски додава дека треба да се внимава, бидејќи Македонија не може  да ги задоволи ниту сопствените потреби за лебно зрно и брашно,а особено сега,  во ек на криза сакаме да извезуваме брашно. Нормално е поедини трговци во борба за денар повеќе да сакаат да продаваат надвор, но ненормално е државата тоа да го дозволи. Обврска на владата е да го заштити домашниот пазар- пишува Трипуновски .

Во статусот Трипуновски ги наведува и причите зошто Македонија не смее да дозволи извоз на брашно.

1. Македонија е држава која и сама увезува пченица за задоволување на сопствените потреби. Никој не знае каква ќе биде реколтата годинава, ниту во нашата држава, ниту во светот. Секое зрно е важно.

2. Може да се јави забрана за увоз на пченица, со што ќе нема како да се произведе брашно за македонскиот пазар.

3. Големиот извоз ќе предизвика намалување на домашните залихи и поскапување на цените- пишува во статусот.