Трипуновски: Наследивме хаос, се обврзуваме на враќање на достоинството на земјоделците

Трипуновски: Наследивме хаос, се обврзуваме на враќање на достоинството на земјоделците

Исплата на заостанати долгови за субвенции во вредност од 600 милиони денари, 350 милиони денари за заостанатите четири плати во Македонски шуми и Водостопанство, исплатени субвенцииите за сточарство и останатите земјоделски гранки, отворени подрчни единици ширум државата за земјоделците – ова е само дел од сработеното на министерот Трупуновски за 100 дена владеење со овој сектор. Тој се обврза дека ќе го врати достоинството на сите земјоделци во Македонија.

“Со ребалансот на Буџетот се обезбедија 350 милиони денари за вработените во „Македонски шуми“ и АД „Водостопанство“ кои беа оставени без четири плати, дека се склучија два договора за порибување на Охридското Езеро, дека се поделија договори за одгледување и заштита на ловиштата, договори за поддршка на локални настани и саеми, како и договори за закуп на државно земјдоелско земјиште” – вели министерот Трипуновски.

Трупуновски во отчетот ја искритикува претходната власт и обвини дека направиле пустош во земјоделието. Според него тоа што Македонија е увозно зависна за храна, виновни се претходните министри, и поради лошите политики земјоделците биле демотивирани од откупните цени а со тоа земјоделските производи завршувале на буниште, рече министерот. Но и покрај ова сега конечно, по седум години, откупната цена ја договараат земјоделците и откупните центри.

Ја враќаме довербата на земјоделците во институциите, институциите да работат согласно законските овластувања, да имаат земјоделците на кого да се потпрат во делот на решавање на проблемите, меѓутоа исто толку важно е и во делот на креирањето на идните мерки. Нашата цел во наредниот период до завршување на календарската година е заедно со земјоделците од сите сектори да ги креираме програмите, мерките и условите за работа што ќе значи сериозен старт на 2025 година. Ситуации како во производството, на неисплатени субвенции, лоша земјишна политика, многу проблеми во делот на водостопанството треба да бидат минато и ќе бидат минатовели министерот Трипуновски.

Трипуновски се обврза дека државата ќе работи во корист на земјоделците, штитејќи го домашното производство.

Тој се пожали дека наследил долгови, неисплатени плати, заостанати субвенции и целосно закочени проекти но и сериозни сомнежи за криминали од претходното раководство. Но вети дека ќе направи се’ што е во негова моќ да се врати довербата во системот и кај земјоделците но и останатите граѓани.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста