Триесетдневен притвор за таткото кој до смрт ја претепа двегодишната ќерка

Триесетдневен притвор за таткото кој до смрт ја претепа двегодишната ќерка

Триесет дневен притвор за монструмот од Кичево кој до смрт го претепа сопственото чедо,полицијата која го сомничи за сторено кривични дело убиство, го спроведе во затворот во Битола.Од основното јавно обвинителство нема одговор дали ќе има проширување на истражната постапка и против мајката којатврдела дека наводно девојчето играјќи се, било туркано од другите децата и дека таа го нашла во бесознание.A токму од ОЈО вчера обзнанија дека девојчето било жртва на семејно насилство и дека тоа починало од тешките телесни повреди кои и ги нанел сопствениот татко.Иако девојчето имало скршена коска на черепот, крварење во мозокот и скршеници на две ребра,мајката го сокрила крвничкиот чин со кој таткото му пресуди на своето дете, одземајќи му го животот.

 Во охридската полиција прашавме дали против таткото има кривични пријави за семејно насилство,разбојништво и кражби?

Во периодот од 2011 до  2023 година, ОВР Кичево има поднесено околу 50  кривични пријави за сторени кривични дела кражба и тешка кражба.Во 2013 година со судски пресуди, Ф.Д.  во два случаи бил осуден на затворска казна во траење од 6 месеци и 1 затворска казна во траење од 3 месеци. До овој момент во ОВР Кичево не е пријавен друг настан за семејно насилство сторен претходно од него -вели Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид

Од Кичевскиот Центар за Социјални работи велат дека за трагичниот настан со претепување на детето,кое после 22 дена почина во болничка постела, воопшто не биле известени од страна на семејството,МВР и други институции.

“Семејно насилство не е пријавувано,но на 21.07.2022 година ЦСР е известен од полицијата дека настанало недоразбирање и расправија помеѓу Ф.Д. и неговата сопруга на ден 26.06.2022 година по која расправија таа го напуштила домот и заминала во Прилеп заедно со децата.После еден месец таа се вратила дома заедно со децата и изјавила дека ги надминале недоразбирањата и продолжиле заедно да живеат.Од тој период до сега не се пријавени никакви проблеми од страна на ова семејство” велат од Центарот за социјални работи Кичево.

Семејството било корисник на гарантирана минимална помош и никогаш кај стручниот работник не е пријавено дека постои некој проблем во семејството.Правото на користење на минимална помош е прекинато на 01.03.2023 година бидејќи таткото не се пријавувал во Агенцијата за вработување. Мајката која се грижела за децата не пријавила пороблем во семејството сочинето од девет члена :мајка,татко и 7 деца од кои најмалото е починатото дете.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста