Три века стара куќа, дел од културното наследство, оставена да пропаѓа

Куќа стара над 300години во штипско Ново село секој момент може да се сруши и да падне во дворот  на  Ленче Ѓеоргиева. Објектот иако евидентиран како културно наследство е во фаза на распаѓање и сега е само бледа слика на некогашниот сјај . По  секоја најава за невреме оваа жена стравува за сопствениот живот.
 
  „Секој момент од невреме може да се урниса и да падне и да ми направа огромна штетеа. Еве каде ни е кровот. ќе падне врз него, а и дворот цел ќе се наполни со камења. Видете колку сме блиску! Страшно е да живееме овде, посебно во задниот дел од куќата,ама што да правеме, не можеме ние ништо„-објаснува Ленче Ѓеоргива.


Пред три години дел од руинираниот објект се срушил и завршил во дворот и спалната соба на Ѓоргиеви. За среќа не биле дома, па успеале да спасат жива глава. Неколку пати се жалеле во Општината, но секогаш добивале само лажни ветувања .

  „Имаме пријавувано повеќе пати. Една власт, друга власт. Ветуваат дека ќе дојдат ќе го решат проблемот но само празни ветувања…Не советуваа да им кажеме на газдата, ама сега и тој почина. Каде сега да тражеме чаре? Нема каде!„-изјави Ленче Ѓоргиева.


Во штипско Ново Село постојат повеќе склонопадни објекти кои се заштитени со закон, но се без заштита. Од музејот велат дека најголем дел од нив имат сопственици кои единствено од државата би можеле да ќарат фасадно уредување. Во меѓувреме дувло  на стаорци и зараза се и четирите куќи од 17 и 18век кои штипскиот кардиохирург Жан Митрев пред неколку години  ги подари на градот. Забот на времето ги проголта, а Општината не успеа да најде инвеститори кои овие четири објекти ќе ги реставрира и повторно  ја врати автентичната архитектура.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста