Три нови случаи на голема кашлица во Македонија

Три нови случаи на голема кашлица во Македонија

Три нови случаи на голема кашлица се регистрирани во периодот од 01-07.11.2024 година, објави Институтот за јавно здравје.

Пријавени се два случаи од Скопје и еден од Кратово. „Двата од случаите се на возраст под една година, невакцинирани деца, и едно лице над 50 години, со непознат вакцинален статус“, соопштија од ИЈЗ и додаваат дека двете лица се хоспитализирани.

досега годинава се регистрирани 1.154 лица заболени од голема кашлица.

Најголем број од заболените се регистрирани на територијата на Скопје (70,5%), а заболени имало регистрирано и во 22 други градови низ Македонија.

„Од вкупниот број на случаи (1.154), 731 случаи, односно 63,3%, не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација“, стои во известувањето од Институтот за јавно здравје.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста