Три недели по несреќата во Тетово, нема ниту одговорност ниту одговор на прашањата

Собранието засега не може да формира анкеткна комисија за пожарот во  модуларната болница во Тетово, како што бараше опозициската ВМРО ДПМНЕ.Спикерот Талат Џафери, вели дека Собранието не можело да се меша во судски надлежности.И тие ќе чекале прво да завршела истрагата, па дури потоа можела да се формира комисијата.

Од Обвинителство пак,ниту денеска никако да се слушнат нови детали, ниту има информација,кога може да се очекуваат извештаите од вештачењата. Веднаш по трагедијата, државниот врв побара брза истрага,во која беа вклучени и германски експерти,но,причините за пожарот и натаму се непознати.Во Обвинителство велат,дека сеуште се прибираат докази и се работи на случајот.

Утре навршуваат точно три недели по катастрофалниот пожар, овде во тетовската модуларна болница.Местото и натаму е постојано обезбедувано, во случај да има потреба од дополнителни вештачења и анализи.Сликата од модуларната сведочи за големата трагедија, но,што ја пеплоса за само три минути, одговор сеуште нема.

Тетовци велат дека вистината мора да се дознае.Со истрагата не смее да се избрзува и да се погреши, но,никако и да се одолговлекува намерно.

Во пожарот кој се случи вечерта на 8 септември,живи изгореа 14 лица,а 12 успеаја да се спасат.Модуларната болница, изгоре цела, за само три минути.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста