Три месеци јавноста чека одговор како и зошто изгоре модуларната болница во Тетово за само три минути

Се бараше брза истрага, но,се чини таа и натаму тапка во место-речиси три месеци по страотниот пожар во тетовската модуларна болница,околу истрагата се врти се едно исто.Тоа е она што се дозна преку вештачењето на МВР, дека пожарот во модуларна болница настанал како последица на запален продолжен кабел,на кој бил приклучен апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.Во ЈО е пристигнат и извештајот од Технолошкиот факултет, кој треба да даде одговор за материјалите од кои е изградена болницата и дали тие се според пропишаните стандарди.Но,повеќе детали не откриваат.За вештачењето на германските експерти пак, нема ниту абер,иако се најавуваше дека ќе пристигне,уште во октомври.

“Предметот е во фаза на предистражна постапка во која интензивно се постапува за утврдување на фактите. Пристигнато е вештачењето од МВР ОКТИВ, кое обвинителството веднаш го објави и кое се однесува на директните причини за самиот пожар. Беа наредени и извршени уште две вештачења – од Технолошкиот факултет и од електроинжинер. Извештаите се пристигнати во обвинителството и се анализираат во корелација со останатите пристигнати докази. Се очекува вештачењето од германските експерти кое беше побарано преку меѓународна правна помош, кое се уште не е пристигнато. Во меѓувреме се сослушуваат сведоци и други лица кои имаат сознанија за настанот”– велат од ЈОРМ.

По пожарот во модуларната, се појавија многу дилеми и прашања околу квалитетот на градбата на објектот и надлежностите-од кои сите институции се оградија.Одговорност нема никаква,освен понудените оставки на двајцата директори на болницата,но, и овде сеуште нема нивна смена.Премиерот Заев по извештајот на МВР,експресно го оправда и Министерот Филипче дека немал вина.Оставка од морални причини не се ниту понуди.

“Во моментот на пожарот, кој се случи вечерта на 8-ми септември, во модуларната имало 26 лица.14 живи изгореа, останатите успеаја да се спасат скокајќи преку овие прозори.Болницата изгоре за само три минути-но, зошто и како- јавноста сеуште чека одговори.”

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста