ТРИ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛСКИ ЕКИПИ ДЕНЕСКА ИМААТ РЕВАНШИ ОД 1. КОЛО ВО КОНФЕРЕНАЦИСКАТА ЛИГА

Три македонски фудбалски екипи денеска имаат реванши од првото квалификациско коло во Конференциската лига. Се започнува со овдешниот дуел на Струга и летонската Лиепаја во која се влегува со 1-1 што на дебитантот во европските натпреварувања во мечот од 17 часот на теренот на Тренинг центарот Петар Милошевски во Скопје му дава реални шанси за пласман во следната рунда. Два часа подоцна во Романија Петрокуб го дочекува Силекс со истите 1-1 од првите 90 минути што го прави домаќинот мал фаворит, но и не им ги одзема шансите на кратовчани. На крајот од денот од 20 часот Шкупи гостува кај косовскиот Љапи со добра предност од 2-0 што навестува дека Чаирчани би можеле да се најдат во второто коло каде што ние веќе го имаме првакот Шкендија кој по поразот од Мура ќе се пресели во Конференциската лига.

-Втор ден за нашите кошаркари на Маврово на вториот дел од подготовките за турнирот од претквалификациите за Светското првенство во 2023-тата. Меѓу оние што се борат за место во тимот што во август во балонот во Скопје ќе се соочи со Швајцарија и Словачка има и младинци кои можеби не можат веднаш да бидат носители, но во перспектива, сигурно.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста