Три ковид соја „шетаат“ низ Македонија, треба ли да се плашиме од двојни инфекции?

Низ Македонија „шетаат” три мутации на ковид-19. Индиска, јужноафриканска и бразилска. Јавноста прашува од што треба најмногу да стравуваме? Дали постои опасност од двојна инфекција ? Лекарите велат засега опасност од такво нешто нема, но апелираат на внимателност. Според нив, вакцината е доволен отпор од евентуална двојна инфекција и од компликации при заразата од два различни соја на ковид-19.

Не треба да биде ова голем проблем не би требало да звучи страшно кај нас.Што значи доколку некој се зарази со двете варијатни секако дека тоа ќе биде потешка инфекција, но повторно велам да не ствараме паника ова редок феномен што се случува и не верувам дека ќе го имаме во повеќе случаи низ светот.” – вели д-р Илчо Ефкоски.

Лекарите, но и неколку светски организации алармираа дека делта сојот е најголема закана за престојниот период. Нов ковид бран се предвидува кон крајот на август.  Затоа, светот се мобилизира, се воведуваат рестриктивни и заштитни мерки, а кај нас се апелира само на смиреност. За мерки само се размислува, и тоа евентуално од септември и само за невакцинираните луѓе. Колку ќе ја чини Македонија опуштеноста – никој не знае.

Дека земјава треба да стравува од ширење на делта сојот предупредуваат и епидемиолозите.

Што се однесува до двојната инфекција. 90-годишна жена од Белгија почина откако била заразена со два соја корона, но не била вакцинирана.Белгиските лекари се сомневаат дека таа била заразена од две различни лица. За нејзиниот случај ќе се дискутира на овогодинешниот Европски конгрес за клиничка микробиологија и инфективни болести.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста