Три години затвор за убиецот на младиот кошаркар на МЗТ во Ново Лисиче

А.Т.(18) од Скопје е осуден на три години казна затвор за убиство на 17-годишникот Никола Христовски во скопската населба Ново Лисиче лани на 14 август, пишува 24инфо.

Тогаш обвинетиот А.Т. со нож го прободе младиот кошаркар.

Пресудата е донесена на 1 јуни а пресудата е за убиство на миг од член 125 од Кривичниот законик и му е изречена затворска казна од три години, на што надлежниот јавен обвинител вложи жалба на пресудата.

Според пресудата, А.Т. бил доведен без своја вина во состојба на силна раздразнетост, а пред нападот немал каде да побегне затоа што влезот во зградата во која сакал да отвори во моментите кога бил гонет бил заклучен.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста