Три години затвор за обвинетиот кој ја прегази Викторија кај „Сити мол“

Скршени од болка и незадоволни од казната – семејството на младата Викторија Николова која трагично загина во сообраќајката кај „Сити мол“ разочарани од пресудата.

„Згрозен сум од судството и оваа држава“ – вели таткото на Викторија, додека нејзината мајка не можеше да ги задржи солзите. Не го крие револтот за три годишната казна

„Што да кажеме. Немам зборови, згрозен сум од оваа држава и од судството и затоа има толку голем процент на доверба во судството – нула проценти. Друго немам ништо. Ние како фамилија сме згрозени со ваква пресуда. Немаме зборови, сите ќе ја напуштат оваа држава“ – изјави таткото на Викторија.

Пресудата според адвокатот на семејството Николови дозволува секојдневно да има жртви на сообраќајни несреќи. Се надева дека Апелациониот суд ќе биде многу посериозен во однос на поднесената жалба.

„Ваква казна од три години за вакво дело со смртни последици е премногу несериозна за премногу сериозно дело. Веднаш во консултација со Јавното обвинителство најавивме дека ќе поднесеме барање за жалба на оваа пресуда и се надеваме дека Апелациониот суд ќе биде многу посериозен во однос на дадената жалба. Имаме ситуација кога се е чисто, кога без разлика на признавањето на вина, делото е такво како што е, а имаме пресуда која речиси е ослободителна. Со тоа дозволуваме секојдневно сите ние да биде жртви на сообраќајни несреќи. Ова мора да престане веднаш – изјави Владимир Михајловиќ, адвокат на семејството Николови.

Одбраната на обвинетиот Ѓорѓиев задоволна со изречената казна, но ќе поднеселе жалба за одлуката за притвор.

Јордан Ѓорѓиев, кој во јануари годинава на раскрсницата Викторија Николова , а повреден беше и нејзиниот партнер Леонид Даов призна вина за сообраќајната несреќа. Тој пред судијката Љубинка Бошевска рече дека „многу се кае за стореното дело“.Ѓорѓиев возел со брзина од 67,3 километри на час што е 17,3 километри на час повеќе од пропишаната брзина.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста