Три европски судови, во Унгарија, Грција и Шведска утвдрија дека во Македонија има политички прогон

Три европски држави, Шведска, Грција и Унгарија, односно нивните судови досега имаат утврдено дека во изминативе две години во Македонија се врши политички прогон.

Никола Груевски, Дејан Давидовски, Горан Грујевски и Никола Бошковски се 4 примери каде со судски одлуки на земји членки на Евроспката унија се утврдува дека Македонија не може да испорача фер судење и дека прогонот врз нив се врши од политички причини. Некои од нив добија, а други се во фаза на доделување на политички азил.

Фактите говорат дека Македонија, инаку земја кандидат за Европската унија која се стреми кон европските и демократските вредности врши политички прогон врз своите граѓани. Дали ова ќе влијае и на датумот за почеток на преговорите на Македонија во октомври, за сега не се знае.

Поранешниот македонски амбасадор во В.Британија, професорот Јован Донев, вели дека ова претставува сериозен проблем за државата.

Најсвеж е случајот на Дејан Давидовски, кој беше уапсен во Шведска во април годинава . Шведскиот суд одби да го екстрадира Давидовски кој е гонат за делото тероризам за настаните од 27 април. Решението зошто судот во Шведска одбива да и го испорача на Македонија Дејан Давидовски е образложено во 18 точки.

Во образложението се наведува дека Дејан Давидовски според шведскиот суд е гонет и треба да биде суден во политички а не криминален процес, и дека не постојат доволно докази за дело тероризам, а крајната оценка е дека за овој предмет не се води фер и законски основана постапка, па му дава препорака на Давидовски да поднесе барање за азил за да не биде и понатаму цел за политички прогон од Македонија.

Ова е трет случај европска држава да издаде решение за политички прогон во Македонија и да одбие екстрадиција на лица барани од македонските власти. Пред Шведска, Унгарија тоа го реши за поранешниот премиер Никола Груевски, а Грција заради политички прогон одби екстрадиција на функционерите на МВР Горан Грујевски и Никола Бошковски.

Мери Ѓорѓиевска