Иако во неделата падна, заработи скршеница на десната рака и во вторникот доживеа хируршка интервенција Марк Маркез утре ќе се појави и ќе вози на тренинзите за вториот сезонски натпревар во МОТО ГП. Ова стои во соопштението на неговиот тим Хонда, што значи дека не е новинарска сторија, туку вистина. Маркез леташе во Херез по еден свиок и многумина помислија дека станува збор за потешка повреда, но очигледно не е страшно.