Три деца загинаа во експлозија на плинска боца во Романовце

Три деца загинаа, а шест лица се тешко повредени откако во семејна куќа во кумановското село Романовце изутрината експлодираше плинска боца

Несреќата се случила околу 10 часот, во дневната соба, на приземјето на куќата каде што се наоѓале повеќе членови од семејството.

Дел од повредените, поради сериозноста на повредите се префрлени на скопските Клиники.

Во моментов увид на терен вршат јавен обвинител и екипа од СВР-Куманово.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста