Трговските центри останаа затворени, им требало време за подготовки

Ништо од отворањето на моловите и обложувалниците. Иако владата даде амин да се отворат вратите на трговските центри кои речиси два месеци беа под клуч, сепак добар дел од нив се уште не биле спремни да го направат тоа. На трговските центри им треба уште некој ден за да се подготват.

Алфа направи обиколка низ Скопје. Посети неколку шопинг центри, но секаде сликата беше иста. Вратите беа затворени, но со натпис дека ќе отворат на 15 мај, односно во петок.

Од менаџментот на „Capitol Mall“ и „City Mall“ велат дека им требало уште неколку дена за да ги дезинфицираат просториите, но и да донесат редарски служби кои ќе го контролираат влезот и излезот од дуќаните. Тие ќе работат со скратено време од 10:00 до 18:00 секој ден освен недела.

Граѓаните велат да за отворање на моловите, но внимателно и да се прават гужви.

Во меѓу време, Владата ги објави протоколите за движење во затворените молови. Нема пробување на облека во гардероба, таа ќе се зема дома, па ако не одговара ќе се врати. Во ходниците, ќе биде забрането групирање, а редари ќе го регулираат бројот на купувачи да биде по еден на 5 квадратни метри. Истото ќе важи и за внатре во продавниците.

Освен моловите, Владата одлучи да се отворат и автошколите и обложувалниците. Но и тие ќе почекаат уште некој ден. Дуќаните полека се подготвуваат, се чистат и дезинфицираат, по што ќе почнат со работа.

Инаку, олеснувањето на рестриктивните мерки се очекува да се одвива постепено. На 18 мај се предвидува да започнат со работа кафулињата и рестораните кои на големо се подготвуваат за отворање на вратите. Веќе од 25 мај се предвидува да започнат со работа и казината, затворените базени, и фитнес-клубовите.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста