Трговците се уште не се прилагодени на мерката за намалување на цените, инспекторите на терен
Нулта толеранција за трговците кои не ја почитуваат владината одлука. Пазарниот инспекторат ги „лови“оние кои не ги намалиле цените на производите на кои им се намалува бруто профитната маржа и не ја поставиле ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“.
120 инспектори се на терен низ цела Македонија, а од она што лично директорот на пазарна го констатирал, трговците не ја сфатиле сериозно одлуката. Тој апелира мерката да се почитува, во спротивно ќе бидат изречени казни и до 10 илјади евра, онаму пак каде што ќе се утврди дека станува збор за нечесна трговија може да има и за
Вчера бев на терен и видов дека трговците на мало не си ја сфатиле сериозно одлуката и нејзината примена. Затоа денеска сме на терен и ќе постапуваме по законските прописи и секој што не ја почитува одлуката денеска ќе биде казнет, а доколку има потреба во иднина ќе затвориме и дел од објектите што не ја почитуваат одлуката. Трговците на мало сега имаат резерви по влезните фактури кои ги зеле од трговците на големо претходно и треба да ги потрошат тие резерви, па од новите резерви што ќе ги земат за време на важењето на одлуката да видиме дали и трговците на големо ги почитуваат одредбите за заработка до 10 проценти, вели Трајковски.
Во „ есенската кошница“ спаѓаат и бурекџилниците, што значи треба да поевтинат и белите печива и бурекот. Пазарниот инспекторат дополнително ќе ги „чешла“ трговците на мало и бурекџилниците.
Имаше такви дилеми, но бурекчилниците се опфатени со одлуката за ограничување на маржата, и тоа според Законот за трговијата, член 3. Денес, инспекторите прават контроли во маркетите, утре се предвидени контроли на трговците на мало и на бурекчилниците, а задутре ќе ги контролираме трговците на големо. Трговците на големо ќе ги контролираме на крајот за да им оставиме време да ги потрошат резервите. Во одлуката за ограничување на маржата влегува и јогуртот“, рече директорот на Инспекторатот, Трајковски.
Алфа направи обиколка во маркетите. Ознаките во најголем дел ги нема по рафтовите и ладилниците. Граѓаните коментираат дека намалувањето е минимално, и не е на сите производи кои што беа најавени .
Според објаснувањето од пазарна, за производ кој имал бруто профитна маржа под 10 отсто, трговците немаат обврска да ја намалат цената, такви се 10 –тина отсто од продуктите кои се на листата „ есенска кошница“ .
Мерката која ја воведе владата за заштита на стандардот на граѓаните ќе трае до крајот на октомври, а очекувањата се цените да паднат за 10 отсто.