ТРЕТИОТ НАСТАП НА МАКЕДОНИЈА ВО ФУДБАЛСКИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП Е УТРЕ ВО ДУИЗБУРГ (20.45)

Во продолжението од мундијалските квалификации денеска низ Европскиот континент се игра во четири групи. Во првата од 18 часот АЗЕРБЕЈЏАН ја дочекува СРБИЈА, а од 20.45 Португалија гостува кај ЛУКСЕМБУРГ. Во истиот термин се и средбите во петтиот состав: БЕЛГИЈА-БЕЛОРУСИЈА и ВЕЛС-ЧЕШКА и до седмиот во кој ЦРНА ГОРА игра со НОРВЕШКА, ТУРЦИЈА со ЛЕТОНИЈА, а Холандија кај ГИБРАЛТАР.  И уште во осмата конкуренција КИПАР и СЛОВЕНИЈА се среќаваат попладнево, а вечерва тоа ќе го сторат и СЛОВАЧКА со РУСИЈА и ХРВАТСКА со МАЛТА.

Поврзани вести