ТРЕТА НОЌ ПРОТЕСТИ И СУДИРИ ВО БЕЛОРУСИЈА, УАПСЕНИ КООРДИНАТОРИТЕ

Трета ноќ по ред траат безредијата во Белорусија со судири со полицијата која користеше гумени куршуми и шок бомби за да ги растера демонстрантите кои протестираат обвинувајќи го претседателот Александр Лукашенко дека ги лажирал неделните избори. Во Минск беа приведени,  координаторите на масовните безредија во главниот град Минск. Според очевидци безбедносните сили приведувале и тепале десетици луѓе на улиците, а полицајите ги кршеле прозорците на автомобилите и преку нив ги извлекувале луѓето. Демонстрантите известуваат дека во земјата тешко се пристапува до интернет, за што Лукашенко исто така ги обвини странските сили кои со тоа сакаат да го поттикнат незадоволството на населението.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста