Трета недела се чека извештајот за модуларната-што ја пеплоса болницата за три минути

Речиси три недели по страотниот пожар во тетовската модуларна болница,сеуште не се објавени извештаите од истрагата,иако првично беше најавено дека тоа ќе се случи до крајот на минатата недела.Во обвинителство велат дека се собираат податоци, но, сеуште нема доволно докази кои треба да ја објаснат и откријат причината за пожарот.Изминатиов период се вршеше вештачење и од домашни ,но и од страна на германските експерти. Се испрашуваше  медицинскиот персонал , роднините на загинатите во пожарот,но и други лица кои можат да дадат важни информации за текот на постапката. Обвинителството објави дека ја побарало и целокупната документација за изградбата и поставувањето на објектот,како и плановите за снабдувањето со струја и кислород на објектот.Се истражувало и дали постоеле мерки за заштита од пожари-чија надлежност да ги спореведе,според тендерската документација, објавена на сајтот на општина Тетово, имало раководството на болницата.Јавноста нестрпливо чека одговор на многу прашања и дилеми –како изгоре целиот објект за само три минути,што може јасно да се види и од снимката од безбедносните камери.Огнот кој се појавува во една од собите, за кратко време почнува да се проширува низ целиот објект, а повремено се слушаат и експлозии.                

Неофицијалните информации кои кружат во јавноста, се дека пожарот е можеби предизвикан од електричната инсталација,а за брзината на ширење, најверојатно, придонеле кислородот, но и материјалот од кој е изграден објектот.                                                                                                                       ВВо пожарот загинаа 14 лица, 12 пациенти и двајца посетители,односно роднини.Поголем дел од преживеаните во пожарот, се веќе пуштени дома, на лекување се останати уште двајца пациенти, кои се во стабилна состојба.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста