Трета доза „Фајзер“?! Граѓаните исплашени, имунозолите тврдат оти било безбедно

Македонија доби зелено светло да аплицира трета доза од анти ковид вакцината кај пошироката популација, но само од производителот „Фајзер“. Од понеделник сите лица над 60 годишна возраст, здравствените работници и пациентите со хронични заболувања ќе можат да примат т.н. бустер доза, но откако ќе поминат шест месеци по примена втора доза од вакцината против Ковид 19. Имунолозите признаваат дека нивото на антителата кај вакцинираните со време се намалува, особено кај оние граѓани кои не дошле во контакт со вирусот.

„Со присуството на нови варијатни како што е Делта варијантата, со заобиколување на имунолошкиот систем, со намалената концентрација на антитела ризикот уште повеќе се зголемува. Па затоа е и добро со цел да ја продложиме заштитата на поризичните категории на граѓани кои доаѓаат почесто во контакт со вирусот да имаме ваква дополнителна заштита“, вели доктор Мери Киријас од Институтот за имунологија.

Но, граѓаните со различни реакции, додека едни се подготвени да ја добијат зајакнувачката трета доза, повеќето се збунети и исплашени. Прашуваат дали е безбедно да се мешаат вакцини од различни производители и зошто се брза со препораките за трета доза?

„Не е точно, не треба да се мешаат вакцини, трета доза е дозволена само за тие што имаат примено Фајзер“.

„Зошто Фајзер? Некој што примил 2 дози Фајзер, нели треба да прими векторска вакцина, т.е. вакцина од друга платформа? Нели имаше такви истражувања? Зошто само Фајзер се рекламира?“

„Не ми е јасно, вакцинирани со Синовак, а сега трета доза Фајзер?! Колку е исправно тоа, да не почнеме да пукаме како балони?“, реагираат граѓаните на социјалните мрежи.

Но, доктор Киријас смирува – компанијата „Фајзер“, вели, ги поминала Клиничките испитувања и се покажала како безбедна за зајакнување на имунитетот кај целосно вакцинираните.

„Вакцината на Фајзер е таа што ги им а поминато сите Клинички студии за бустер доза и поради тоа за сега стои препораката за нејзино давање. Секако дека во наредниот период ќе се следат испутувањата и резултатите и во тој момент ќе се одлучува. мешањето на вакцини се покажа дека не носи некоја штета по организмот или ризик за нешто друго да се случи“, вели доктор Киријас.

Американскиот центар за превензија и контрола на болести даде зелено светло за аплицирање на трета бустер доза во САД. И таму препорака има за вакцините на „Фајзер/Бионтек“, но само за оние граѓани кои претходно примиле две дози од истиот производител.

А во меѓувреме, српските медиуми објавија дека 40-годишната актерка Слобода Миќаловиќ е позитивна на корона вирусот и покрај тоа што ја примила третата доза од анти ковид вакцината. Медиумите пишуваат дека таа се вакцинирала со вакцините на рускиот производител „Спутник“, но нејзиниот менаџер не сакал да даде коментар за ваквата информација.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста