Трет пожар во ист стан полн со отпад во зграда кај Железничка станица

Силни плмени јајици попладнево зафатија зграда на улица „Никола Карев“ во близина на скопската Автобуска станица. Според информациите од Противпожарната бригада, се работи за пожар предизвикан од запалено ѓубре. Дека тоа е така потврдуваат и станарите кои се пожалија пред камерта на Алфа.

Велат, пожарот го подметнал еден ист човек кој живее сам и во својот стан на приземје и повремено собирал отпад којшто го пали дома.

  • Ист станар цело време пали. Пријавуваме секаде, но бадијала е. Ова стварно е срамота и греота што се прави. Станарите испаничени по папучи бегаа надвор од зградата. Секаде е пријавено, бадијала, никој ни со прст не мрда, ужано, ни институции, ни држава имаме, се пожалија станарите пред камерата на Алфа кои се сведоци на неколку вакви пожари.

Станарите велат дека ова е трет пожар во ист стан полн со ѓубре во скопската населба Пролет. Алармираат дека овој случај го пријавиле секаде, но ниту една институција не мрднала ни со прст да го реши овој проблем.

Во меѓу време, на терен веднаш дошле три противпожарни возила. Денешниот е трет сличен инцидент со подметнат оган во истиот стан. По интервенцијата, пожарникарите ја известиле и социјалната служба за да преземе мерки и му пружи помош на лицето. Пожарот е изгаснат и во него нема повредени станари.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста