Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски – Штекли
После пет куршуми, Штекли преживеа и бомба. Контроверзниот Раде Трајковски извлече „жива глава“ и по третиот обид за ликвидација. Најновиот напад се случил во неговиот двор, кога засега непознат напаѓач го демнел и ја набљудувал куќата, и во првиот момент кога Штекли пуштил нога во дворот, ја фрлил бомбата. Но, сепак не доволно блиску за да го убие, па дури не успеал ноти сериозно да му го загрози животот. Според последните информаци, состојбата на Трајковски е стабилна, и се здобил само со изгореници. Како и предходните, и овој напад беше најавен на социјалната мрежа „Тик-Ток“.
Бомбата што експлодира на ова видео, објавено уште минатат среда, требаше да се преслика во дворот на Штекли, но очигледно неуспешните убиците се прецениле. Инку, ова е веќе трет обид за ликвидација на контроврзниот Трајковски, но засега никој не е уапсен за ниту еден од нападите. И претходни два што се случија минатат година, беа само на стотина метри од неговиот дом, кој се наоѓа во близина на „Ист Гејт Мол“. Првиот напад се случи на паркингот во трговскиот, кога од „ауди“ со странски таблички пукале кон блиндираната кола во која се возел Штекли. Вториот беше на скалите во истиот мол, кога Трајковски беше погоден со неколку куршуми и заврши во болница. Повреден беше и неговиот пријател. Во нив пукаше лице со бел дуксер и бејзбол капа кого го имаа снимено безбедносните камери на трговскиот центар.
Предгрупирање на подземјето, нарачатели од Идризово, битка за контрола и превласт на пазарот за дрога, уцени и изнуди, пресметка меѓу картелите Грчец и Барон – после секој напад на Штекли во јавноста кружат повеќе верзии за тоа кој сака да го види Трајковски да е мртов. Но, досега детали од истрагите кои се воделе во МВР, јавноста не слушна. Бандите хараат и денеска затоа што надлежните во минатото замижувале, критикува актуелниот министер Панче Тошковски.
- „Добро е што немаме животозагрозувачка состојба на никого во овој момент, лошо е што криминалните банди си „хараат“ и денеска, но, соодветно, одлучно и сурово како институции ќе одговориме на сите оние кои што го „реметат“ мирот на македонските граѓани. МВР не може да направи чуда, но може да работи чесно, посветено и професионално и во рамки на сето она што е надлежност на министерството, согласно капацитетите што ги имаме, ќе постапиме. Нема да се мижи како што се мижело претходно“, рече тој.
Министерот Тошковски повтори дека актулната власт веќе се фатила во костец со картелите, и дека ќе стори се да се пресмета со нив и да ги изведе криминалците пред лицето на правдата.