Треба ли граѓаните да се чувствуваат безбедно? – Денеска потврдени 38 нови случаи со ковид-19, три лица се починати

Не стивнува, напротив се засилува епидемијата со Ковид 19. Само денеска има 3 смртни случаи и 38 нови заболени од спроведени 560 тестирања. Истовремено полицискиот час е укинат а кафулињата почнуваат со работа. И покрај оваа црна корона статистика власта се одлучи за нагло укинување на мерките но и ги теши граѓаните дека се безбедни. На терен сликата е поинаква, поголем дел од луѓето стравуваат дека со олабавувањето на мерките бројките на заразени и починати да се зголемат.

Имаше и такви кои се чувствувале безбедни уште од почетокот на епидемијата.

Разочараност од одлуките за драстичното намалување на рестриктивните мерки и страв од тоа што следува има и кај голем дел од медицинската фела. Микробиологот Никола Пановски за Алфа вели – наглото укинување на полицискиот час и отворањето на рестораните во услови на постојан раст на новозаразени, може да има спротивен ефект, посебно кај младите.

Во попуштањето на рестриктивните мерки од утре влегува и користењето на бесплатниот јавен превоз за пензионерите, што дополнително загрижува, со оглед на фактот дека надлежните до неодамна апелираа за оваа категорија на граѓани да не излегуваат од дома.

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста