Треба или не децата да носат маска ? – Различните препораки ги збунија родителите

СЗО сo една препорака, нашите здравствени власти со друга. Неусогласеноста ги прави родителите на децата до единаесет години нервозни. Маска треба или не треба да носат нивните деца ?

Зборувавме на тоа прашање, сепак маските се некаква заштита. Затоа, се држиме до таа препорака децата да носат маски. А во училиште наставниците ќе ги советуваат како да постапуваат.” – велат од комисијата за заразни болести за Алфа.

Од СЗО препорачуваат: само децата постари од дванаесет години, треба да носат заштитни маски. И од УНИЦЕФ генерално сметаат дека децата на возраст од шест до 11 години маски не треба да носат. На исто мислење се и педијатрите. Според нив , најзагрижувачко прашање  е – какви последици ќе донесе носењето заштитна маска за време на училишна настава но и во секојдневието кај децата до десет годишна возраст.

“Ако тоа дете пет до шет часа по 30 минути носи маска во училиште,носи во автобусот маска и се враќа назад …рачунајте дека дека 5 часа е со маска и до дома оди со маска. Навистина се пореметува физиолошкиот процес при размена на гасовите. И не сум сигурна дека е доволно добар протоколот особено за помалите деца…затоа што тоа дете нема да знае кога да ја стави и кога да ја извади маската.” – вели Д-р. Мими Кимовска Христов, педијатар.

Во меѓувреме, поодготовките и плановите за новата школска година кои се кројат во најголемите европски држави, носат поразлични протоколи од кај нас.  Шпанија нема утврдено термин за почеток на школската година, но во дел од земјата се планира училиштата да се отворат на 7 септември. Властите изготвуваат пртоколи што ќе овозможи учениците да следат настава без маски и социјално дистанцирање. Франција планира училиштата да ги отвори на 1-ви септември. Се препорачува само децата постари од 11 години да носат маска а маските ќе бидат задолжителни и за наставниците.Во Германија постарите ученици од 15 години ќе мора да носат заштитна маска.Полска засега не планира заштитни мерки за следење на наставата како за учениците така и за наставниот кадар. Во Данска веќе се отворени училиштата. Наставата се одвива во групи до 12 ученици кои седат на растојание.И таму маските не се задолжителни за децата и наставниците.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста