Треба да се затворат 10 судови во Македонија, ќе има ли и нова систематизација на судии?

Судскиот совет анализира и пребројува колку судии ќе делат правда, а и кои судови ќе треба да стават клуч на врата. По пребројувањето на населението, можно е затварање на основни судови во општините кои имаат под 20 илјади жители.Такви во Македонија ги има се десет. Меѓу нив се Дебар, Берово, Делчево, Крива Паланка, Ресен..(ТЕЛОП)

Тоа ќе значи некои судови да се затворат, но судиите од таму ќе треба да се пренесат во други судови, а исто така ќе треба и надлежноста на тие предмети што биле во тие судови да се преземат од страна на други судови. Е сега, кога зборуваме за број на судии, за број на судови, за надлежности и пренос на надлежности, најверојатно ќе стигнеме и до политичкиот момент, а тоа е измена на законот за судии, за кое знаеме е потребно 2/3 мнозинство вели ЉУБИША АРСИЌ – портпарол на Судски совет..

Се поверојатна е и новата систематизација на судии. Со новите бројки од пописот а и европските практики, правосудниот систем би требало да има нешто помалку од 400 судии. Според актуелната систематизација има дури двесте и триесет повеќе. Советот со стратегија на развој на човечки ресурси и мрежа на судови сака да ги достигне европските стандарди, но не се сигурни дека тоа ќе го реши проблемот со илјадниците заостанати предмети.

Дали таа бројка ќе ги отслика реалните потреби на терен? Дали ќе успееме со таа бројка од 395 судии ние ќе успееме да го совладуваме постојаниот прилив на предмети? Сега кога знаеме дека со 470 судии тоа оди тешко. Дека постојано имаме заостанување од 90-100 илјади предмети вели ЉУБИША АРСИЌ – портпарол на Судски совет.

Судиите отсега и сами ќе се оценуваат преку дигитален систем, па од Судскиот совет се уверени дека тоа ќе придонесе за квалитетот и брзината на делење правда. 

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста