Трамп згаден од грозоморните убиства во гимназијата во Џорџија
Кандидатот за претседател на САД од Републиканската партија, Доналд Трамп, го нарече сторителот на масовното убиство во училиште во Џорџија „болно и изопачено чудовиште“.
„Овие драги деца ни беа одземени премногу рано од едно болно и изопачено чудовиште“, напиша тој на својата социјална мрежа „Трут соушал“.
Потпретседателката и кандидатка за Белата куќа од Демократската партија, Камала Харис, повика на решителни мерки против насилството со огнено оружје.
– Мораме да ставиме крај на епидемијата на насилство со огнено оружје во нашата земја еднаш засекогаш. Нема причина да се помириме со ова – рече таа на предизборен настан во Њу Хемпшир.
14-годишен ученик вчера отвори оган во гимназија во Џорџија, убивајќи четворица и ранувајќи уште деветмина.