Трамп прогласи вонредна состојба поради ураганот „Доријан“ (Видео)

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба, откако ураганот Доријан утрово зема замав.

Тој потпиша декларација со која ѝ нареди на Федералната агенција за управување со вонредни состојби да ги координира сите напори за ублажување на катастрофата.

Ураганот вчера се спушти на островот Свети Томас како бура од прва категорија и нанесе штета на инфраструктурата.

Доријан синоќа се наоѓаше на околу 440 километри југоисточно од Порторико, со брзина на ветрови од околу 50 километри на час, кои во следните 24 часа би можеле да бидат посилни. Се очекува бурата да донесе од 10 до 15 сантиметри дожд.