Трамп предупреди дека импичментот може да доведе до граѓанска војна во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди на Твитер дека неговото отповикување би можело да предизвика втора граѓанска војна во САД, цитирајќи ја изјавата на познатиот евангелистички пастор Роберт Џефрис.

Според Џефрис, со импичментот на претседателот земјата би претрпела сериозен удар од кој можеби и никогаш не би можела да се опорави.

Трамп во серијата на „лути Твитови“ напиша дека како и секој американски државјанин, заслужил да се соочи со тој кој што го обвинува, посебно, како што вели, поради тоа што свиркачот претставил совршен разговор со странски лидер на целосно „неточен и измамнички“ начин.