Трамп го преживеа гласањето за импичмент во Сенатот

Мнозинството на републиканци во Сенатот вчера изгласа Трамп да остане на функцијата со 52 спрема 48 гласа за ослободување на претседателот од обвинувањето за злоупотреба на службената должност.

Мит Ромни, сенаторот од Јута беше единствениот од републиканската партијата што гласаше против за едно од двете обвиненија (злоупотреба на функцијата). Тој рече дека верува во вината на претседателот за „злоупотреба на јавната доверба“, иако вчерашната одлука го покажа сосема спротивното.

Белата куќа во соопштението по гласањето во Сенатот го оцени процесот за импичмент против Трамп како „срамен“.

„Сенатот гласаше да ги отфрли неоснованите обвинувања за импичмент, а само политичките противници на Претседателот – сите демократи и еден неуспешен претседателски кандидат на Републиканците – гласаа за импичмент “, се вели во соопштението на Белата куќа.