Трактор се излизгал од пат помеѓу Струмица и Берово

На 09.08.2020 во 07.30 часот било пријавено дека на шумски пат викан „Безгаштовски пат“, помеѓу Струмица и Берово, на планината Огражден, С.В.(31) од с.Бориево, управувајќи трактор со приколка, се излизгал од патот и паднал во дол. С.В. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Струмица. На местото на незгодата излегле полициски службеници од СВР Струмица.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста