Трајкова за Алфа: Пензиите да растат согласно минималната и просечната плата

Не стивнуваат реакциите од највозрасните граѓани во Македонија. Зголемувањето на пензиите за 1,2%, односно за речиси 100 денари е добро, но ни малку нее доволно зашто не може да се покријат основните трошоци, вели за Алфа претседателката на Здружението на пензионери Станка Трајкова. Таа вели дека минималното покачување било согласно податоците на државната статистика, и оправдан бил револтот на пензионерите за ниската сума.

  • Сето тоа гледано од аспект на корисниците на пензија, тоа не е доволно, дека пензиите треба да се зголемуваат со поголем процент на нивните суми. Усогласувањето на пензиите, согласно порастот на трошоците за живот, ние ги добиваме од Државниот завод за статистика, тие така пресметале, и ние се повикуваме на нив како релевантна институција, вели за Алфа Станка Трајкова, Претседателката на Здружението на пензионери на Македонија.

Од Здружението на пензионери инсистираат да се смени Законот за пензионерите, зашто ваквото решение не било добро. Рече дека растот на пензиите требало да се движи согласно зголемувањето на минималната и просечната плата. 

  • Овој предлог значи потреба од менување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Пред ние да ги дадеме овие предлози, направивме истражување со земјите од соседството и пошироко. и Словенија, и Хрватска и Црна Гора ги користат овие два параметри, усогласување со трошоците за живот, и секако усогласување со просечната и со минималната плата на државата, додава Претседателката на Здружението на пензионери.

Претходно, остро реагираше и поранешниот прв човек на Здружението на пензионерите Драги Аргировски. Тој рече дека со тие пари кои треба да ги добијат, не можат ни чоколада да им купат на нивните внуци, а камо ли да останел некој денар за лекови, кои во ова време им биле и повеќе од потребни. Потребно е линеарно зголемување од 1.000 денари, а не вакво замајување на пензионерите.

  • Пензионерите сега треба да добиваат од 90 до 118 денари, со пензиите за јули. Што е тоа? Неможе чоколадо да им купиме на внуците, а камо ли да се купи нешто друго со тие средства, па за да се користат. Треба најмалку за 1.000 денари да се зголемат пензиите сега, и тоа линерано, и треба да се води сметка, пензиите да се во сразмер со минималната плата, односно со просечната плата, а не вака, вели во изјава за Алфа Драги Аргировски, екс претседателоте на Здружението на пензионери на Македонија.

Инаку, минимална пензија од 9.000 до 12.000 денари земаат 94.510 пензионери. Најголемиот дел од нив, или близу 204.000, добиваат меѓу 12.000 и 40.000 денари. Инаку, во Макдонија има 325.081 пензионер.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста