Трагите од пукањето во „Ист Гејт Мол“ водат кон затворот Идризово

Трагите од пукањето во „Ист Гејт Мол“ водат кон затворот Идризово

Трагите за можниот нарачател на неуспешната ликвидација на контроверзниот Раде Трајковски – Штекли од Ист Гејт мол водат кон затворот Идризово. Алфа ексклузивно дознава дека упадот на специјалците во затворот викендов не бил само наивен претрес за заплена на нелегални предмети, туку целта била да се одземат телефоните на само неколкумина затвореници кои се осомничени дека имаат некаква врска со пукањето. Нашиот извор тврди дека надлежните знаеле дека овие затвореници поседуваат телефони, и веќе подолго време се прислушкувани со судска наредба.

Рацијата не е беше против начинот на кој се внесува дрога и оружје внатре. Тоа е поради пукањето во Ист Гејт. Ставени се одредени осуденици на ПИМ мерки подолго време. Телефоните беа потребни да се вештачат, конечно да се расветли кој нарачува убиства и опожарување на возила, брифира изор за Алфа.

Што откриле, што има во транскриптите и дали навистина од зад решетки е нарачано неуспешното убиство засега нема информации, затоа што истрагата се води тајност. Како што е познато, во Идризово зад решетки се веќе дел од членовите на озогласените нарко-кланови од Сарај и Грчец, како и нивната ривалска група од Чаир, Синѓелиќ и Арачиново. Според нашите информации, затворот Идризово го држат токму членовите на овие два клана, кои токму од таму, меѓусебно си нарачуваат палење на возила, тепачки и разни вооружени престрелки. Разбивањето на овие криминални групи, иако се зад решетки и оди тешко и на полицијата, затоа моќта групите ја црпат и однадвор, каде се сметаат за главни на македонскиот нарко-пазар, и се врзани во сите пори на општеството, вклучително и политиката.

По престрелката, во јавноста почнаа да кружат разни верзии за овој втор обид за убиство на Штекли. Тоа што преовладува, а веројтано и во тој правец се движи и истрагат е дека станува збор за пресметка токму меѓу овие банди и нивна битка за контрола и превласт на пазарот за дрога, уцени и изнуди. Засега официјално, полицијата се уште е во потрага по човекот чија фотографија дури беше објавена и во јавноста од кого се бараше помош. Неофицијлано, пак медиумите пред еден ден објавија дека возилото со кое напаѓачот избегал од местото на настанот било пронајдено запалено во Сарај.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста