Трагичен крај: Пронајдено безживотното тело на девојчето кое падна во Вардар бегајќи од кучиња скитници

Околу 22 часот, од водите на Вардар во гостиварски Балиндол било извлечено телото на малолетно девојче за кое претходно беше пријавено дека паднало во реката.

Според информации од полицијата, телото го пронашле жители на селото, а го извлекле полициски екипи. Девојчето не давало знаци на живот, а лекарите констатирале смрт, пишува Гостивар прес.

Се работи на утврдување на идентитето на девојчето кое неофицијално било на возраст од 17 години, а се очекува на местото увид да направи Јавен обвинител.