Трагедија во струшко, почина четири месечно бебе
Трагедија во струшкото село Мороишта, почина четири месечно машко бебе кое вчеравечер околу 22.43 минути без знаци на живот на детското одделение во струшката општа болница, го донесла итната медицинска помош во придружба на неговите родители.Началникот на одделението, доктор Влатко Мицкоски вели дека кога го донеле бебето вооошто не дишело,било без срцева акција со проширени зеници.Првично и докторите од итната мецинска помош констатирале дека тоа не покажува знаци на живот,се обиделе да го реанимираат но попусто.Во надеж дека сепак може да се спаси било однесено на детското одделение каде повторно се обидувале да го вратат во живот.
“На одделение е покушано да се ренимира,повикан е и анестезиолог, меѓутоа безуспешно,детето било без знаци на живот.После 45 минути обид да се реанимира, меѓутоа безуспешно.Боледувало од нешто бебето,има некаков сомнеж од што починало? Податоците се дека детето било потполно здраво, меѓутоа најдено е од страна на родителите во една состојба легнато на стомаче,целото посинато.Наводно тетинот се обидел уште таму да го реанимира, меѓутоа бебето било цијанотично, со проширени зеници и без знаци на живот”-вели д-р Влатко Мицкоски педијатар.
Не благодарно е да зборувам и да прогнозирам како настанала смртта,причините ќе се утврдуваат со одбукција,вели доктор Мицкоски.
Немилиот настан го потврди и охридската полиција ,во соопштението кое го испратија стои дека родителите во семејниот дом повикале итна медицинска помош,по што било пренесено во болница каде била констатирана смрт. Од таму додаваат дека по наредба на на јавен обвинител врз телото ќе биде извршена обдукција.
Сепак неофицијално причина за смртта може да биде задушување,односно бебенцето можеби само се задушило во перничињата кои биле ставени околу него,за да го заштитат.
Инаку во само 3 месеци ова е трет случај- во месец мај едно по друго починаа две бебиња во охридско струшкиот регион.Во Вевчани почина седуммесечно бебе кое претходно било оперирано во Специјалната болница Свети Еразмо оти било донесено со повреди на главата и мозочно крварење.За овој случај и Основното јавно обвинителство издало повеќе наредби за утврдување на причините за смртта на 7-месечното бебе.Неколку дена поцна почина деветмесечно бебе во Охрид. Од оскудните информции кои тогаш ги пласираше полицијата, единствено се знае дека бебето соитната медицинска помош било донесено во бессознание воохридската општа болница.
Росица Голабоска